• Јави ни се
  • +389 2 551 2500 | 078 20 80 53

Пон - Петок (7:30 - 16.30) Саб. (9.00 - 13.00)

Протеински статус

User Rating: 0 / 5

Star InactiveStar InactiveStar InactiveStar InactiveStar Inactive
Ден.100.00

User Rating: 0 / 5

Star InactiveStar InactiveStar InactiveStar InactiveStar Inactive

Албумин е протеин произведен од црниот дроб. Содржи околу 60% од вкупниоте протеини во крвта и има многу функции: спречува протекување на течностите низ ѕидовите на крвнитете садови; ги храни ткивата; и транспортира хормони, витамини, лекови и супстанции, како калциум, низ целото тело. Нивото на албумин може да се намали, во поголема или помала мера, кога одредени состојби (болести) влијаат на: неговото производство од страна на црниот дроб, го зголемуваат распаѓањето на протеините, ја зголемуваат загубата на протеини преку бубрезите и/или го зголемуваат обемот на плазмата (разредување на крвта).

Овој тест го мери нивото на албумин во крвта.

Кога да ја правите анализата: Рутински како дел од тестовите за систематски преглед; кога вашиот лекар смета дека имате симптоми на пореметување на црниот дроб или болест на бубрезите; понекогаш кога имате несакано губење на тежината, имате симптоми поврзани со неисхранетост или пред планирана операција.

Потребен материјал: венска крв

Припрема пред анализа: нема

Ден.100.00

User Rating: 0 / 5

Star InactiveStar InactiveStar InactiveStar InactiveStar Inactive

Протеините се важнa структурна подршка на на сите клетки и ткива; тие се важни за раст на телото и развојот и здравјето. Тие го формираат структурниот дел на повеќето органи и ги сочинуваат ензимите и хормоните кои ги регулираат функциите на телото. Овој тест го мери вкупниот износ на разни видови на протеини во течниот (серумски или плазма) дел од крвта.

Две класи на протеини се наоѓаат во крвта, албумин и глобулин. Албуминот сочинува околу 60% од вкупните протеини. Произведени од црниот дроб, албуминот служи на различни функции, вклучително и како носителски протеин за многу мали молекули и јони, како извор на амино киселини за метаболизмот на ткивата, и како главна компонента која е вклучена во одржување на осмотскиот притисок (спречување на протекување на течност од крвни садови).

Останатите 40% од протеините во плазмата се нарекуваат глобулини. Глобулинските протеини се разновидна група. Тие вклучуваат ензими, антитела, хормони, транспортни протеини и бројни други видови на протеини.

Нивото на вкупни протеини во крвта е релативно стабилна вредност, како одраз на рамнотежата во губењето на старите протеински молекули и производството на нови протеински молекули.

Кога да ја направите оваа анализа: при рутински систематски преглед или кога имате неочекувано губење на тежината или замор, или кога вашиот лекар смета дека имате симптоми поврзани со нарушување на црниот дроб или бубрезите.

Потребен материјал: венска крв

Припрема пред анализа: нема

Ден.100.00

АМАДЕЛА

Специјалистичко Дијагнстичка Лабораторија