Kако да го намалите нивото на шеќер во крвта?

 Високото ниво на шеќер во крвта може да биде опасно доколку не е навремено регулирано и да доведе до краткорочни и долгорочни здравствени проблеми. Во оваа статија има цел на неколку различни начини да им помогне на луѓето да го намалат нивото на шеќер во крвта. Овие чекори вклучуваат промени во начинот на живеење, совети за диета и природни лекови.

 

Зошто е важно да го контролирате шеќерот во крвта?

Одржувањето крвниот шеќер во целното ниво им помага на луѓето со дијабетес да избегнат сериозни компликации од болеста. Високото ниво на шеќер во крвта може да предизвика многу лоши ефекти, што можат да бидат ненадејни, или да се појавуваат постепено со текот на времето.

Со текот на времето, да се има крвниот шеќер  на нездраво ниво може да ги оштети малите и големите крвни садови во неколку органи и системи, што доведува до сериозни последици, како што се:

  • оштетување на видот и слепило
  • чирови, инфекции и ампутации
  • откажување на бубрезите и дијализа
  • срцев удар и мозочни удари
  • периферна васкуларна болест, состојба во која се намалува протокот на крв во екстремитетите
  • оштетување на нервниот систем, што доведува до болка и слабост

Со одржување на нивото на крвниот шеќер под 100 mg/dL пред јадење и под 180 mg/dL по јадење, луѓето со дијабетес можат значително да го намалат ризикот од несакани ефекти од болеста.

Како да се намали нивото на шеќер во крвта?

Еве 12 начини на кои секој дијабетичар може да го намали нивото на шеќер во крвта и да го намали ризикот од компликации.

  1. Следете го нивото на шеќер во крвта

Високото ниво на шеќер во крвта често не предизвикува симптоми, се додека не надминат 200 mg/dL. Важно е лицето со дијабетес да го следи шеќерот во крвта што почесто со цел да се контролира и да не се надминува споменатиот лимит. Тоа ќе значи дека нивото на шеќер во крвта никогаш нема дабиде толку високо.

Препораките за тоа колку често да се проверуваат нивоата на гликоза во текот на денот ќе варираат од личност до личност. Лекарот може да даде најдобри препораки во врска со мониторингот на шеќерот во крвта кај лица со дијабетес.

  1. Намалување на внесот на јаглехидрати

Научниците имаат спроведено студии кои покажуваат дека јадењето на храна со ниска вредност на јаглехидрати и високо-протеинска диета го намалува нивото на шеќер во крвта.

Телото ги разградува јаглехидратите во шеќер што телото го користи како енергија. Некои јаглехидрати се потребни во исхраната. Меѓутоа, за луѓето со дијабетес, јадењето премногу јаглехидрати може да предизвика преголемо ниво на шеќер во крвта.Намалувањето на количините на јаглехидрати што ги ги конзумира човекот ги намалува пиковите на количната на шеќер во крвта.

  1. Јадете ги правите јаглехидрати

Двата главни вида на јаглехидрати - прости и сложени – имаат различно влијаание на нивото на шеќер во крвта.

Простите јаглехидрати главно се состојат од еден вид шеќер. Тие се наоѓаат во храната, како бел леб, тестенини и бонбони. Телото ги разложува овие јаглехидрати многу брзо во шеќер, што предизвикуваат брзо зголемување на нивото на шеќер во крвта.

Сложените јаглехидрати се составени од три или повеќе шеќери кои се поврзани заедно. Бидејќи хемискиот состав на овие видови на јаглехидрати е комлексен, на телото му е потребно повеќе време за да ги разложи.

Како резултат на тоа, шеќерот се испушта во организмот постепено, што значи дека шеќерот во крвта не се зголемува брзо по јадење. Примери на сложени јаглехидрати вклучуваат овесни снегулки и сладок компир.

  1. Изберете храна со низок гликемичен индекс

Гликемичниот индекс ги мери и ги рангира различните видови храна според тоа колкаво зголемување предизвикуваат на нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажуваат дека придржувањето до храна со намален гликемичен индекс побрзо го намалува нивото на шеќер во крвта.

Храната со низок гликемиски индекс е онаа што е оценета под 55 на гликемичниот индекс. Примери за ниска гликемична храна вклучуваат:

  • сладок компир
  • quinoa
  • мешунки
  • млеко со ниска масленост
  • лисен зеленчук
  • зеленчук без скроб
  • ореви и семиња
  • месо
  • риба
  1. Зголемување на внесот на диететски влакна

Диететските влакна играат значајна улога во управувањето со шеќерот во крвта со тоа што ја  забавуваат стапката на разградување на јаглехидратите, и брзината по која телото ги апсорбира добиените шеќери.

Двата вида диететски влакна се растворливи и нерастворливи влакна. Од двата типа, растворливите влакна се најкорисни во контролирањето на шеќерот во крвта.

Растворливи диететски влакна се наоѓаат во следната храна:

  • зеленчук
  • мешунки
  • цели зрна
  • овошје
  1. Одржувајте здрава тежина

Губењето на тежината помага во контрола на шеќерот во крвта. Преголема телесна тежина е поврзана со зголемени појава на дијабетес и повеќе случаи на инсулинска резистенција. Истражувањата покажуваат дека намалувањето на тежината за дури само 7% може да ги намали шансите за развој на дијабетес за 58%.

Важно е да се напомене дека лицето не треба да постигне идеална телесна тежина само за да го има физичкиот бенефит од намалени 5-10 kg, туку со тоа, исто така, ќе се подобри нивото на холестерол, ќе се намали ризикот од компликации и ќе се подобри општото чувство за благосостојба на лицето.

Јадењето на здрава исхрана полна со овошје и зеленчук и доволна физичка активност може да му помогне на лицето да изгуби телесната тежина или да ја одржи својата здрава тежина.

  1. Контрола на големината на обриците

Во однос на големината на оброците, треба да ги следите упатствата и советите од лекарот или нутриционистот. Прејадувањето може да предизвика скок на нивото на шеќерот во крвта.

Иако едноставните јаглехидрати обично се поврзуваат со покачен шеќер во крвта, секоја храна предизвикува зголемување на нивото на шеќер во крвта. Внимателна контрола на големината на оброците  може да ги контролира нивоата на шеќер во крвта.

  1. Редовно вежбајте

Вежбањето носи многу предности за луѓето со дијабетес, вклучувајќи губење на тежината и зголемена инсулинска чувствителност.

Инсулинот е хормон кој им помага на луѓето да го разложат шеќерот во телото. Луѓето со дијабетес или не создаваат доволно инсулин во своето тело или се отпорни на инсулинот што го создава нивното телото.

Вежбањето, исто така, помага да се намали нивото на шеќер во крвта преку поттикнување на мускулите на телото да користат шеќер за енергија.

  1. Не заборавајте да се рехидрирате

Правилната хидратација е клучна за здрав начин на живот. За луѓето кои се загрижени за намалување на шеќер во крвта, тоа е од клучно значење. Пиење доволно вода спречува дехидрација, а исто така им помага на бубрезите да отстранат дополнителен шеќер од телото преку урината.

Оние кои сакаат да го намалат нивото на шеќер во крвта треба да се држат до вода и да ги избегнуваат сите засладени пијалаци, како што се овошниот сок или сода, кои можат да го зголемат нивото на шеќер во крвта.

Луѓето со дијабетес треба да го намалат внесот на алкохол до еквивалент на еден пијалок дневно за жени и две за мажи, освен ако не се применуваат други ограничувања.

  1. Обидете се со билни екстракти

Билни екстракти може да имаат позитивен ефект врз лекувањето и контролата на нивото на шеќер во крвта. Повеќето луѓе треба да се обидат да добијат хранливи материи од храната што ја јадат. Сепак, додатоците на исхраната често се корисни за луѓето кои не добиваат доволно хранливи материи од природни извори.

Повеќето доктори не ги земаат предвид суплементите како третман сами по себе. Едно лице треба да се консултира со својот лекар пред да земе било каков суплемент, бидејќи може да се меша со пропишаните лекови.

Некои суплементи  кои можеби ќе сакате да ги пробате се:

  • зелен чај
  • Американски женшен
  • горчлива диња
  • цимет
  • алое вера
  • грчко семе
  • хром

 

  1. Управувајте со стресот

Стресот има значително влијание врз нивото на шеќер во крвта. Телото ги отстранува стресните хормони кога е под тензија, а овие хормони го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

Истражувањата покажуваат дека управувањето со стресот преку медитација и вежбање исто така може да помогне да се намали нивото на шеќер во крвта.

  1. Спиј доволно

Спиењето помага во намалувањето на количината на шеќер во крвта. Добивањето на адекватно спиење секоја ноќ е одличен начин да се помогне во одржувањето на нивото на шеќер во крвта во нормала. Нивото на шеќер во крвта се зголемува во раните утрински часови. Кај повеќето луѓе, инсулинот ќе му каже на телото што да прави со вишокот шеќер, што го одржува нивото на шеќер во крвта нормално.

Недостатокот на спиење може да има сличен ефект на инсулинска резистенција, што значи дека нивото на шеќер во крвта на едно лице може значително да бисе предизвикано од недостаток на спиење.

 

Лицето секогаш треба да го следи советот на својот лекар за намалување на шеќерот во крвта.