Што треба да знаете за тумор маркери

Тумор маркери се супстанции кои се наоѓаат со повисоко од нормално ниво во крвта, урината или телесното ткиво на некои луѓе со рак. Иако клетките на ракот често произведуваат тумор маркери, тие исто така можат да бидат произведени и од здрави клетки во телото. Туморските маркери се нарекуваат и биомаркери.

Тумор маркери и рак

Високи нивоа на тумор маркер може да биде индикатор за рак. Заедно со други тестови, тестовите за тумор маркери им се од голема помош на лекарите за да дијагностицираат рак и да планираат соодветен третман. Туморските маркери најчесто се користат за следниве цели:

  • Помагаат за носење за одлука за соодветен третман. Некои тумор маркери им помагаат на лекарите да одлучат дали да се определат за хемотерапија или имунотерапија по операцијата и/или радиотерапијата. Другите тумор маркери им помагаат на лекарите да одберат кои лекови или комбинации на лекови најдобро ќе функционираат.

 

  • Помагаат во следење на третман. Со анализа на промени на нивоата на туморски маркери, лекарите можат да проценат колку е успешен третманот.

 

  • Предвидување на можноста за закрепнување. Туморските маркери можат да му помогнат на лекарот да го предвиди однесувањето на ракот и одговорот на третманот. Тие, исто така, може да ја предвидат шансата на лицето за закрепнување.

 

  • Предвидување или мониторинг за повторување. Туморските маркери може да се користат за да се предвиди колку е веројатно дека ракот ќе се врати по третманот. Следење на промени во количината на тумор маркерите може да биде дел од планот за следење на пациентот. Исто така, може да помогне да се открие повторување на ракот побргу од другите тестови.

 

Тестовите за тумор маркери, исто така, може да се користат за скрининг за рак кај луѓе со висок ризик од болеста. Некои тестови може да се направат за да се дознае што повеќе за ракот кога е во фаза на првично дијагностицирање. Сепак, присуството или износот на тумор маркерот сам по себе не е доволно за дијагностицирање на ракот.

Ограничувања на тумор маркерите

Тумор маркерите не се 100% сигурни. Обично се потребни и други тестови за да дознае што повеќе за можната појава на рак или повторување на рак. Некои ограничувања на туморските маркери се наведени подолу.

 

  • Одредена физиолошка состојба или болест што не е рак може да ги зголеми нивоата на туморските маркери.
  • Некои нивоа на тумор маркер може да бидат високи кај луѓе без рак.
  • Нивото на туморските маркери може да варира со текот на времето, поради што е тешко да се добијат конзистентни резултати.
  • Нивото на туморскиот маркер може да не се зголеми се додека ракот не се влоши. Ова не е корисно за рано откривање, скрининг или монторинг за повторување на ракот.
  • Некои видови на рак не создаваат тумор маркери кои може наоѓаат во крвта. Тука спаѓаат карциномите без познати тумор маркери. Исто така, некои пациенти немаат повисоки нивоа на тумор маркери, дури и ако станува збор за тип на рак што обично имаат тумор маркери.

 

Тестирање за тумор маркери

Најпрво се зема примерок од крв за тестирање на тумор маркери. Примерокот се испраќа во лабораторија за анализа. Некои тестови мора да се повторат, бидејќи нивоата на туморските маркери можат да се менуваат од месец до месец. Ова се нарекува сериско тестирање.

Како и другите лабораториски тестови, сигурен тест за тумор маркер мора да биде и специфичен и сензитивен, односно да обезбеди резултат со голема сигурност.

Тумор маркери и специфични видови на рак

Различни тумор маркери може да се користат за различни видови на рак. Како и кога се користат многу варира. Исто така, многу видови на рак немаат крвни туморски маркери кои се корисни за насочување на нега. За детали за тоа дали туморските маркери може да бидат дел од вашата дијагноза и планирање на третманот, разговарајте со вашиот лекар.

 

Прашајте го вашиот лекар:

  • Врз основа на вашата лична и/или фамилиарна здравствена историја кои тумор маркери треба да ги надгледувате?
  • Кои од нив веќе сте ги тестирале, ако воопшто има такви?
  • Колку често треба да правите лабораториска проверка на тумор маркери?