Што е анемија?

Анемијата може да биде привремена или долготрајна, и може да варира од ниска до висока сериозност. Направете лабораториско испитување доколку се сомневате дека имате анемија, бидејќи тоа може да биде предупредувачки знак за сериозна болест.

Симптоми

Знаците и симптомите на анемија варираат во зависност од причинителот за вашата анемија. Најчести симптоми се:

  • Замор
  • Слабост
  • Бледа или жолтеникава кожа
  • Ирегуларни отчукувања на срцето
  • Недостаток на здив
  • Вртоглавица или зашеметеност
  • Болка во градите
  • Ладни раце и нозе
  • Главоболка

На почетокот анемијата може да биде толку лесна што може воопшто и да не се забележите. Но, симптомите се влошуваат како што се влошува и анемијата.

Причини

Анемија се јавува кога вашата крв нема доволно црвени крвни клетки. Ова може да се случи ако:

  • Вашето тело не прави доволно црвени крвни клетки
  • Крварењето предизвикува побрзо губење на црвените крвни клетки отколку што може да се заменат
  • Вашето тело ги уништува црвените крвни клетки

Што прават црвените крвни клетки

Црвените крвни клетки содржат хемоглобин - протеин богат со железо, кој и ја  дава на крвта црвената боја. Хемоглобинот овозможува црвените крвни клетки да носат кислород од вашите бели дробови до сите делови на вашето тело и да носат јаглерод диоксид од други делови на телото до вашите бели дробови за да може да се издише.

Повеќето крвни клетки, вклучувајќи ги и црвените крвни зрнца, редовно се произведуваат во вашата коскена срцевина - сунѓераст материјал кој се наоѓа во шуплините на многу од вашите големи коски. За да произведе хемоглобин и црвени крвни клетки, на вашето тело му треба железо, витамин Б-12, фолна киселина и други хранливи материи од храната што ја јадете.

Причини за анемија

Различни видови на анемија и нивните причинители вклучуваат:

  • Анемија со дефицит на железо. Ова е најчестиот тип на анемија ширум светот. Анемијата со дефицит на железо е предизвикана од недостаток на железо во вашето тело. Вашата коскена срцевина треба да има железо за да се направи хемоглобин. Без  железо, вашето тело не може да произведе доволно хемоглобин за црвените крвни клетки.
  • Анемија поради дефицит на витамини. Во прилог на железото, на вашето тело му е потребана фолна киселина и витамин Б-12 за да произведе доволно здрави црвени крвни клетки. Исхраната што не е богата со овие и други клучни хранливи материи може да предизвика намалување на продукцијата на црвени крвни клетки. Дополнително, некои луѓе може да консумираат доволно Б-12, но нивните тела не се во можност да го преработуваат витаминот. Ова може да доведе до анемија со недостаток на витамин, исто така познат како пернициозна или мегалобластна анемија.
  • Анемија поврзана со хронична болест. Одредени болести - како што се рак, ХИВ / СИДА, ревматоиден артритис, болест на бубрезите, Кронова болест и други хронични воспалителни болести - може да се мешаат во производството на црвени крвни клетки.
  • Апластична анемија. Оваа ретка, опасна по живот анемија се јавува кога вашето тело не произведува доволно црвени крвни клетки. Причините за апластична анемија вклучуваат инфекции, одредени лекови, автоимуни болести и изложеност на токсични хемикалии.
  • Анемии поврзани со болест на коскената срцевина. Различни болести, како што се леукемија и миелофиброза, може да предизвикаат анемија со тоа што ќе влијаат врз производството на крв во вашата коскена срцевина.
  • Хемолитични анемии. Оваа група на анемии се развива кога црвените крвни клетки се уништуваат побрзо отколку што може да ги замени коскената срцевина.
  • Српеста анемија. Оваа е сериозна состојба и претставува наследна хемолитична анемија. Тоа е предизвикана од дефектна форма на хемоглобин која ги принудува црвените крвни клетки да заземаат абнормална форма на срп. Овие неправилни крвни клетки умираат прерано, што резултира со хроничен недостаток на црвени крвни клетки.
  • Други анемии. Постојат неколку други форми на анемија, како што се таласемија и маларична анемија.

Фактори на ризик

Овие фактори ве ставаат под зголемен ризик од анемија:

Исхрана која не е богата со витамини, особено со оние кои се значајни за настанувањето на црвените крвни клетки,цревни нарушувања, менструација, бременост, хронични состојби (рак),  хронична загуба на крв од чир, здравствена историја на вашето семејство и други фацтори како на пример историја на одредени инфекции, крвни болести и автоимуни нарушувања, алкохолизам, изложеност на токсични хемикалии, возраст (луѓе над 65-годишна возраст имаат зголемен ризик од анемија).