Изненадувачки здравствени придобивки од студеното време

Пониските температури го активираат вашиот мозок

Пониските температури им помагаат на луѓето да размислуваат појасно. Истражувањата покажуваат дека луѓето подобро ги извршуваат задачите во поладна средина отколку во потопла.

Студеното време може да ви помогне да согорите повеќе калории

Кога е ладно, вашето тело работи напорно за одржување на оптималната телесна температура. Нашите тела користат значителна енергија за да нѐ затоплат и да го навлажни воздухот што го вдишуваме кога ќе излеземе на ладно.

Ги подобрува алергиите

Ако имате алергии предисвикани од надворешната средина, ова е добра вест! Нивото на полен  е практично непостоечко во ладно и снежно време. Меѓутоа, ако имате алергии во затворен простор, тогаш зимата бас и не е вашиот најдобар другар, бидејќи алергиите од мувла и прашина може да бидат полоши во текот на зимата, особено ако поминувате подолго време во затворен простор.

Зимата може да го намали воспалението

Знаете дека ладни облоги се користат за намалување на оток и болка по повреда. Па, сигурно може да забележите дека зглобовите се чувствуваат помалку отечени или подуени во зима, бидејќи ладниот воздух делува како природна ладна облога за да се намали воспалението.

Може да го намали ризикот од болести

Секако, во зима поголема е веројатноста да се настине, но ниските температури не дозволуваат ширење на неколку болести, бактерии и вируси кои се вообичаени за потоплите периоди.

Ќе спиете подобро

Вашата телесна температура природно се намалува кога се обидувате да спиете; овој процес може да трае до два часа во жешките лета, но е многу побрз во зима.

Може да ви помогне да се борите против инфекции

Да, во зима е полесно да се настине, но всушност вашето тело автоматски е  подобро подготвено да го активира имуниот систем и да се бори поефикасно против инфекции.