Како да останете здрави доколку работите во иста канцеларија со повеќе колеги?

Според студија на Универзитетот во Аризона, потребни се само четири часа за бактериите од вратата во вашата канцеларија да се прошират на работните површини и на рацете на половина од вработените во канцеларијата! Други бактериски жаришта во вашиот работен простор вклучуваат чашите за кафе, микробрановите печки и рачките на врататите на фрижидерите.


Без разлика дали чувствувате дека се разболувате или не, ве советуваме да ги применувате нашите совети за заштита од бактерии, со цел да бидете поздрави, попродуктивни и заштитени преку целата сезона на настинки и грип.

Мијте ги вашите раце почесто

Одржувањето на чисти раце е еден од најважните чекори што можеме да ги преземеме за да не се разболиме и за спречиме пренесување на бактериите кон други лица. Многу болести лесно се се пренесуваат и шират поради немиење миење на рацете со сапун и чиста вода.

Правило на раздалеченост од 2 метра

Заразните микроби кои заразеното лице ги испушта со дишење патуваат најмалку 2 метра во просторот па затоа обрнете внимание за одржување на оваа дистанца.

Имајте ваш личен простор

Доколку имате доволно голем личен простор и се држите понастрана од најфрекфентните простори во вашата фирма би можеле да ја зголемите вашата продуктивност и да го намалите секојдневниот стес.

Секогаш одржувајте го вашето работно место чисто

Работно биро може да има дури 400 пати повеќе бактерии одколку WC школка, па затоа е важно да биде секогаш чисто. Тоа ќе го постигнете со уредно организирање на вашите документи и лични предмети и со чести пребришувања на работната површина со антибактериско сретство.

Слушајте класична музика

Слушањето на класична музика додека исполнувате ментални задачи може значително да го намали систолниот крвен притисок.