Која храна е добра за зголемена простата?

Во оваа статија издвојуваме видови на храна со која што може да ги олесните симптомите на зголемена простата.

Храна која треба да ја вклучите во вашата исхрана:

Лосос: Лососот е богат со здрави масти кои содржат омега-3 масни киселини, кои помагаат да се спречи и намали воспалелниот процес во телото. Други риби кои исто така живеат во ладни води, како сардина и пастрмка, исто така се богати со овие видови масти.

Домати: Домати се преполни со ликопен, антиоксидант кој може да има поволно дејство врз клетките на простата. Готвењето на доматите, во сос од домати или супа, го помага ослободувањето на ликопенот и го прави полесно достапен за телото.

Бобинки: Јагоди, боровинки, малини и капини се одличен извор на антиоксиданти, кои помагаат да се отстранат слободните радикали од телото. Слободните радикали се нуспроизводи на реакции кои се јавуваат во телото и може да предизвикаат оштетување и болест со текот на времето.

Брокула: Брокули и други растителни зеленчуци, вклучувајќи карфиол, прокељ и зелка, содржат хемикалија позната како сулфорафан, кој се смета дека ги таргетира канцерогените клетки и придонесува за здрава простата.

Ореви: оревите се богати со цинк. Цинкот се наоѓа во високи концентрации во простатата и се смета дека помага во одржување на балансот на хормоните тестостеронот и DHT. Освен оревите, школките и бобинките исто така се богати со цинк.

Цитрус: портокали, лимони, лимета и грејпфрут содржат високо ниво на витамин Ц, што може да помогне во заштита на простатата.

Храна која треба да се избегне во случај на зголемена простата:

Црвено месо: Истражувањата покажуваат дека исклучувањето на црвено месо од исхраната може да помогне во подобрувањето на здравјето на простатата. Всушност, се верува дека секојдневната потрошувачка на месо тројно го зголемува ризикот од зголемување на простатата.

Млечни производи: Слично како и цервеното месо, редовната потрошувачка на млечни производи е поврзана со зголемен ризик од бенигна хиперплазија на простата.

Кофеин: кофеинот може да делува како диуретик, што значи дека влијае на тоа колку обилно, колку често и колку итно мора да се уринира. Доколку се одкажете од  кафе, високо кофеински чаеви и сокови, може да се подобрат болните уринарни симптоми.

Алкохол: Алкохолот исто така може да го стимулира создавање на урина. Мажите со  бенигна хиперплазија на простата може да откријат подобрување на болните симптоми по откажување од алкохол.

Натриум: Високото внесување на сол може да ги зголеми симптомите на уринарниот тракт поврзани со бенигна хиперплазија на простата, па затоа се препорачува да се консумира храна која не е богата со натриум, што значи дека треба да се избегнува додавање на сол на оброците и конзумирање на преработената храна.