Излежувањето за време на викенд може да компензира за пократкото време на спиење во работните денови

"Викенд излежувањето може да ви помогне да избегнете рана смрт", пишува The Guardian. 13-годишна студија направена на повеќе од 43.000 луѓе во Шведска покажа дека редовно спиење 5 часа или помалку ги зголемуваат шансите за смртност на луѓето за 65%, во споредба со оние кои спијат околу 7 часа.

Сепак, немало зголемен ризик кај луѓето кои спиеле 5 часа или помалку во работните денови, но  7 или повеќе часа за време на викендите, што укажува на тоа дека излежувањето за време на  викендот може да компензира за недостаток на спиење во текот на неделата.

Претходни студии укажуваа на тоа дека и краткиот и долгиот сон е поврзан со болести и порана смртност, но тие студии не ја анализирале разликата помеѓу работните денови и викендите.

Шведската студијата е прва што има разгледано како разликите помеѓу спиењето во работни денови и спиењето во слободни денови би можеле да влијаат. Оваа студија потврди дека луѓето кои редовно спиеле 9 часа или повеќе во работните денови и викенди, исто така, имале поголем ризик од смрт.

Горенаведените резултати се однесуваат само на возрасни лица под 65 години, што е вообичаената возраст за пензионирање во Шведска. Над таа возраст, истражувачите утврдиле дека нема никаква разлика помеѓу спиење во работни денови и викенди, и нема никаква поврзаност помеѓу тоа колку долго спиеле и колку долго тие живееле.

Студијата е спроведена од истражувачите од Karolinksa Institute и Stockholm University од Шведска, како и Texas A&M University од САД, и е објавена во Journal of Sleep Research.