• Јави ни се
  • +389 2 551 2500 | 078 20 80 53

Пон - Петок (7:30 - 16.30) Саб. (9.00 - 13.00)

Албумини

Ден.100.00

Албумин е протеин произведен од црниот дроб. Содржи околу 60% од вкупниоте протеини во крвта и има многу функции: спречува протекување на течностите низ ѕидовите на крвнитете садови; ги храни ткивата; и транспортира хормони, витамини, лекови и супстанции, како калциум, низ целото тело. Нивото на албумин може да се намали, во поголема или помала мера, кога одредени состојби (болести) влијаат на: неговото производство од страна на црниот дроб, го зголемуваат распаѓањето на протеините, ја зголемуваат загубата на протеини преку бубрезите и/или го зголемуваат обемот на плазмата (разредување на крвта).

Овој тест го мери нивото на албумин во крвта.

Кога да ја правите анализата: Рутински како дел од тестовите за систематски преглед; кога вашиот лекар смета дека имате симптоми на пореметување на црниот дроб или болест на бубрезите; понекогаш кога имате несакано губење на тежината, имате симптоми поврзани со неисхранетост или пред планирана операција.

Потребен материјал: венска крв

Припрема пред анализа: нема

АМАДЕЛА

Специјалистичко Дијагнстичка Лабораторија