• Јави ни се
  • +389 2 551 2500 | 078 20 80 53

Пон - Петок (7:30 - 16.30) Саб. (9.00 - 13.00)

Аполипопротеин Б

Ден.450.00

Аполипопротеинот Б, или апо Б, е протеин кој е вклучен во метаболизмот на липидите и е главен протеин составен од липопротеини како што се липопротеините со многу ниска густина (VLDL) и липопротеините со ниска густина (LDL, "лошиот холестерол"). Овој тест го мери количеството на Апо Б во крвта.

Кога да ја направите анализата: доколку имате лична или семејна историја на срцеви заболувања и/или високи нивоа на холестерол и триглицериди па вашиот лекар се обидува да го утврди ризикот од развој на кардиоваскуларни болести. Исто така доколку примате терапија за висок холестерол или кога вашиот лекар се сомнева дека имате наследен дефицит на апо Б.

Потребен примерок: венска крв.

Припрема пред анализа: нема

АМАДЕЛА

Специјалистичко Дијагнстичка Лабораторија