• Јави ни се
  • +389 2 551 2500 | 078 20 80 53

Пон - Петок (7:30 - 16.30) Саб. (9.00 - 13.00)

FPSA

Ден.800.00

PSA (Простата специфицен антиген или ПСА) е протеин произведен првенствено од клетки во простатата, мала жлезда која ја опкружува уретрата кај машките и произведува течност која е составен дел од спермата. Поголемиот дел од PSA што се произведува од простатата се ослободува во оваа течност, но мали количини се ослободуваат и во крвотокот. Циркулира низ телото на два начина: поврзан со други протеини или самостојно. Антигенот што самостојно циркулира се нарекува слободен PSA (free PSA или fPSA). Овој тест ја мери застапеноста на fPSA. во крвта.

Кога да ја направите анализата: при симптоми кои укажуваат на рак на простата, како што е тешко, болно и/или често мокрење; за време на и во редовни интервали по третман за рак на проста; за скрининг (контролен преглед на здрави лица) кај мажите постари од 50 години, кои немаат никакви симптоми и тегоби. 

Потребен примерок: венска крв

Припрема пред анализа: пожелно е да се избегне ејакулација 24 часа пред земањето на примерокот; примерокот, исто така, треба да се собере пред изведување на  дигитален ректален преглед (ДРЕ) и пред (или неколку недели по) биопсија на простатата.

АМАДЕЛА

Специјалистичко Дијагнстичка Лабораторија