• Јави ни се
  • +389 2 551 2500 | 078 20 80 53

Пон - Петок (7:30 - 16.30) Саб. (9.00 - 13.00)

Комплетна крвна слика

Ден.170.00

Со комплетна крвна слика го одредувате вашиот здравствен статус; се прави проверка, се дијагностицира или се следи било која од разните болести и состојби кои влијаат на крвните клетки, како што се анемија, инфекција, воспаление, нарушување на крварење или канцер. Комплетната крвна анализа вклучува анализа на следните параметри: RBС (Еритроцити) 1012/L, HGB (Хемоглобин) g/L, HCT(Хематокрит) %, MCV fl, MCH pg, MCHC g/L, RDWs fl, RDWc %, WBC (леукоцити) 109/L, LYM (лимфоцити) %, MID (моноцити) %, GRA (гранулоцити) %, LYM (лимфоцити) 109/L, MID (моноцити) 109/L, GRA (гранулоцити) 109/L, PLT (тромбоцити) 109/L, PCT %, PDW fl, MPV fl, P-LCR %.

Кога да ја направите анализата: по барање на вашиот лекар, за мониторинг кај лица со чести осцилации на основните крвни параметри и при состојби кои влијаат на крвните клетки, или за редовна рутинска проверка на вашето здравје.

Потребен примерок: венска крв или капиларна крв кај дечиња

Припрема пред анализа: се препорачува примерокот да биде земен пред вашиот прв оброк во денот.

 

АМАДЕЛА

Специјалистичко Дијагнстичка Лабораторија