• Јави ни се
  • +389 2 551 2500 | 078 20 80 53

Пон - Петок (7:30 - 16.30) Саб. (9.00 - 13.00)

LDL Холестерол
  • LDL Холестерол
  • LDL Холестерол
  • LDL Холестерол
  • LDL Холестерол

LDL Холестерол

Ден.120.00

Липопротеинот со ниска густина (LDL холестерол, LDL-C) е еден вид на липопротеин кој пренесува холестерол во крвта. ЛДЛ холестеролот се состои главно од холестерол и други слични супстанции со мала количина на протеини. Најчесто, овој тест се дознава количината на ЛДЛ холестерол во крвта врз основа на резултатите од липидниот статус на пациентот. 

Кога да ја направите анализата: Скрининг: како дел од здравствен преглед со липиден профил; на секои четири до шест години кај возрасни без ризик фактори за срцеви заболувања; младите треба да се тестираат барем еднаш на возраст помеѓу 9 и 11 години, а уште еднаш на возраст меѓу 17 и 21 година. Мониторинг: може да се прави почесто и во редовни интервали кога се присутни фактори на ризик за срцеви заболувања, кога претходните резултати покажале високи нивоа на ризик и/или кога се лекувале за постигање на здраво ниво на липиди.

Потребен примерок: венска крв.

Припрема пред анализа: се препорачува да не се конзумира храна 9 до 12 часа пред анализата; само вода е дозволена. Вашиот лекар може да одлучи дали може да се тестира без да се почитува препораката за неконзумирање на храна. Следете ги инструкциите што ви се дадени и кажете му на лицето кое ви зема примерок дали сте или не сте конзумирале храна. За млади без фактори на ризик, тестирањето може да се направи без постот.

АМАДЕЛА

Специјалистичко Дијагнстичка Лабораторија