• Јави ни се
  • +389 2 551 2500 | 078 20 80 53

Пон - Петок (7:30 - 16.30) Саб. (9.00 - 13.00)

Маларија (Malaria P.ovale., P.falciparum)

Ден.600.00
Маларијата е заразна болест предизвикана од паразити од родот Plasmodium. Овие паразити првенствено се шират преку убод од заразени комарци. По убодот постои инкубационен период од 7-30 дена, по што паразитите навлегуваат во црвените крвни клетки, каде што се размножуваат. По инкубација од околу 48 до 72 часа, заразените црвени клетки пукаат, предизвикувајќи многу од симптомите на маларија да се развијат.
Оваа анализа ја тестира присутноста на два специфични видови на Plasmodium кои ги инфицираат луѓето: Plasmodium ovale и Plasmodium falciparum

Кога треба да ја направите анализата: доколку медицинско лице препознава симптоми на инфекција или како мерка на претпазливост во случај доколку сте вратени од патување од некоја ендемична земја каде што појавата на маларија не е невообичаена.
 
Потребен примерок: венска крв
 
Подготовка пред анализа: нема

АМАДЕЛА

Специјалистичко Дијагнстичка Лабораторија