• Јави ни се
  • +389 2 551 2500 | 078 20 80 53

Пон - Петок (7:30 - 16.30) Саб. (9.00 - 13.00)

PSA

Ден.800.00

PSA (Простата специфицен антиген или ПСА) е протеин произведен првенствено од клетки во простатата, мала жлезда која ја опкружува уретрата кај машките и произведува течност која е составен дел од спермата. Поголемиот дел од PSA што се произведува од простатата се ослободува во оваа течност, но мали количини се ослободуваат и во крвотокот. Циркулира низ телото на два начина: слободен или врзан со други протеини. Овој тест го мери вкупниот број на слободни и врзани простата специфични антигени.

PSA тестот се користи како тумор маркер за испитување и следење на рак на простата.Зголемените нивоа на PSA се поврзани со рак на простата, но, исто така, можат да бидат показател за простатитис и бенигна хиперплазија на простатата (БПХ). PSA нивоа имаат тенденција да се зголемуваат кај сите мажи, со текот на годините.

Кога да ја направите анализата: при симптоми кои укажуваат на рак на простата, како што е тешко, болно и/или често мокрење; за време на и во редовни интервали по третман за рак на проста; за скрининг (контролен преглед на здрави лица) кај мажите постари од 50 години, кои немаат никакви симптоми и тегоби. 

Потребен примерок: венска крв

Припрема пред анализа: пожелно е да се избегне ејакулација 24 часа пред земањето на примерокот; примерокот, исто така, треба да се собере пред изведување на  дигитален ректален преглед (ДРЕ) и пред (или неколку недели по) биопсија на простатата.

АМАДЕЛА

Специјалистичко Дијагнстичка Лабораторија