• Јави ни се
  • +389 2 551 2500 | 078 20 80 53

Пон - Петок (7:30 - 16.30) Саб. (9.00 - 13.00)

Витамин Б12

Ден.1,000.00

Витаминот Б12 е дел од Б комплексот на витамини. Неопходен е за формирање на нормални црвени крвни клетки, обнова на ткивата и клетките и за синтеза на ДНК, генетскиот материјал во клетките. Витаминот Б12 е хранлива материја која не може да се произведе во телото па нивниот внес мора да се обезбеди преку исхраната. Анализата се прави со цел да помогне во дијагностицирањето на една причина за анемија или невропатија; да се оцени состојбата со исхраната кај некои луѓе; за следење на ефикасноста на третманот за дефицит на витамин Б12.

Кога да ја направите анализата: во случај на абнормална комплетна крвна слика со крвна размаска која покажува големи црвени крвни клетки (макроцитоза) или абнормални (хиперсегментирани) неутрофили; кога имате симптоми на анемија (слабост, замор, бледа кожа) и/или невропатија (тензија или чувство на чешање, грчеви на очите, губење на меморијата, менување на менталниот статус); кога ќе се лекувате за дефицит на витамин Б12.

Потребен примерок: венска крв.

Припрема пред анализа: се препорачува да не се конзумира храна 6-8 часа пред земањето на примерокот.

 

 
 

АМАДЕЛА

Специјалистичко Дијагнстичка Лабораторија